Потпретседателката на ССК, Габриела Кулебанова, во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 изјави дека малите средни и микро претпријатијата се најпогодени од кризата, а мерките не се доволни.
„Мали, средни и микро претпријатијата се најпогодени од оваа криза, ние излеговме со наши барања и анализи кои беа јасно доставени до Владата. Тоа што во моментов го имаме како мерки од страна на Владата се мерки коишто не се доволни и нема да ја постигнат целта за задржување на работните места и ублажување на кризата во тие претпријатија“, истакна таа.
Кулебанова додаде дека ако во овие моменти не се спаси стопанството, последиците ќе бидат далекусежни.
„Сите дејности се зафатени во моментов со кризата. Мора да се фокусираме на едно, паралелно решавајќи ги здравствените проблеми и проблемите со коронавирусот, а во исто време да се решаваат и економските проблеми“, порача потпретседателката на ССК.
