Културата е важна: Халкбанк ја продолжува посветената поддршка на македонската културна сцена

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Халкбанк, банката што посветено и постојано ја поддржува културната и музичка сцена на нашите простори, ова лето ја продолжува својата поддршка и партнерство со многубројни културни настани и иницијативи. Официјално, оваа музичка и културна програма Халкбанк ја започнува со поддршката на филмскиот фестивал Ohrid Beach Film Fest, кој ќе започне на 22 јули, а во текот на летото ќе следуваат и голем број партнерства со различни културни и музички настани.

Дел од широката листа на настани што во претстојниот период ќе бидат дел од платформата за поддршка „Важна е културата“ се:

Ohrid Beach Film Fest, 22–26 јули, Охрид

Галичник Филм Фест, 31 јули – 3 август, Галичник

Македокс, 20–27 август, Скопје

30 години Фолтин, 29 август, Хераклеја, Битола

Ѕирни, филмски и музички фестивал, 28 септември – 5 октомври, Скопје

Skopje Vinyl Convention, септември, Скопје

Култиватор Фестивал, септември/октомври, Скопје

Како дел од партнерството со овие настани и иницијативи, корисниците на услугите на Халкбанк ќе можат да користат и ексклузивни придобивки, изненадувања и подароци.

„Културата е важна, неопходна и клучна. Кога зборуваме за култура, всушност зборуваме за нишка што ги поврзува луѓето, идеите и вредностите што траат и остануваат. Нашата цел е да ја поддржиме културата и културниот живот во време кога поддршката на иницијативите, настаните и фестивалите е клучна. Оваа наша поддршка не почнува сега, ниту, пак, завршува со оваа платформа. Веќе традиционално, повеќе од пет години поддржуваме голем дел од овие иницијативи, а добредојдени се и други што имаат потенцијал и на кои им е потребна поддршка“, вели Маја Наумовска Савеска, директорка за маркетинг и корпоративни комуникации во Халкбанк.

Со платформата за поддршка „Важна е културата“, Халкбанк ја продолжува својата определба да поддржува проекти што создаваат вредност за заедницата и ја прават културата повидлива и подостапна за сите.