Кумановското инфективно одделение е полно, се адаптира простор за дополнителни 20 кревети од понеделник

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Кумановското инфективно одделение е полно со пациенти. Се адаптира поранешното одделение на неврологија, за дополнителни 20 легла. Ова во изјава за ТВ21 го кажа директорката на кумановската болница, д-р Снежана Захариева.

„Состојбата е таква и постојано имаме наплив на заболени пациенти. Имаме 32 пациенти на инфективниот оддел, со тоа капацитетите се исполнети. Ако стигне некој негативен тест, или сиутацијата се подобрува, ќе се испише некој пациент и ќе се ослободи некое легло. Во последните денови сме полни“, вели Захариева.

Таа напомена дека се адаптира некои оддели, со цел да се добијат дополнителни кревети.

„Од понеделник почнува со работа поранешниот оддел за неврологија и психијатрија. Го опрмевивме одделот, така да од понеделник ќе добиеме уште 20 болнички кревети за прием на пациенти со Ковид-19“, истакна за ТВ21 Захариева.