Купил евтин Ајфон, но добил работна површина во форма на телефонот

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Един тинејџер од Тајланд нарачал телефон од марката „Ајфон“ преку Интернет, бидејќи цената била прилично прифатлива и многу пониска отколку во продавница, но токму преку овој процес дознал дека купувањето преку Интернет честопати може да биде измама.

Иако доставата била малку поскапа отколку што очекувал, не сакал да ја пропушти оваа прилика.

Штом пратката пристигнала на неговата адреса, сфатил дека нешто не е во ред затоа што пакетот бил многу поголем.

Ја отворил кутијата и сфатил дека не порачал мобилен телефон, туку работна површина во форма на посакуваниот телефон!

Подоцна тенејџерот признал дека не го прочитал добро описот на производот, а целиот настан го споделил на социјалните мрежи, каде објавата набрзо станала вирална, бидејќи со неговата грешка ги подучил останатите секогаш да бидат внимателни кога купуваат нешто на Интернет бидејќи постојат многу лажни страници и описи на производи.