Купила нов душек за спиење преку Инстаграм, па се будела со лузни по телото

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Сузан Меки (51) од својата ќерка доби нов, ортопедски душек, кој го купи преку страница на социјалните мрежи.

Производот пристигна нов и спакуван и се чинеше дека е во многу добра состојба.

Меѓутоа, само неколку дена откако легнала врз него и спиела, Сузан започнала да забележува каснувања по телото и лицето. Отпрвин мислела дека ја каснуваат инсекти кои влегуваат низ прозорецот, но ситуацијата од ден на ден се влошуваше.

Додека размислуваше што може да биде причината, открила мала пукнатина на душекот и решила да го искине горниот слој, а потоа имала што да види: под новиот слој на платно стоеше стар, валкан душек, полн со бубачки!

Се испостави дека токму овие мали инсекти од навидум новиот душек ја гризнале жената!
На крајот, семејството мораше да исфрли голема количина облека, обувки, тепих и некои други работи од куќата, во страв од бубачките во креветот.

Компанијата што го продаде спорниот душек им понуди замена, за што семејството не се согласи. Потоа им понудија пари, но како што вели ќерката на жената што спиеше на душекот, тие бараат обештетување за целата штета што ја предизвика душекот.