Курти објави фотографии од местото на инцидентот: Полицијата ги опкружи напаѓачите, ги повикувам да се предадат

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Премиерот Албин Курти објави неколку фотографии од Бањска местото каде утрово се случи убиството на косовскиот полицаец. На фотографиите се маскирани, униформирани лица и автомобили без регистарски таблички.

Курти кажа дека напаѓачите се веќе пронајдени и опколени, и дека во моментов трае операција за нивно приведување.

„Нападите на вооружените групи и натаму траат. Има најмалку 30 тешко вооружени лица кои се опкружени од нашата полиција и им порачувам да се предадат. Тие се лица кои ја напаѓаат нашата полиција“, рече Курти, после седницата на Советот за безбедност.