Курти: Секој километар пат што нè зближува е инвестиција во животот на граѓаните и економскиот развој на Косово и Македонија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин Курти, присуствуваше на поставувањето на камен-темелникот на автопатот Скопје-Блаце. Тој истакна дека со овој проект се поставува темелот на нова и модерна врска меѓу Косово и Македонија, што, како што рече, дополнително ќе ја зајакне инфраструктурната поврзаност меѓу двете земји.

Курти посочи дека, покрај скратувањето на растојанието и олеснувањето на движењето, автопатот Скопје-Блаце има за цел да создаде и нови можности за соработка за граѓаните и економиите на двете земји.

Според него, проектот ќе им овозможи на бизнисите полесно движење на стоките, проширување на пазарите и создавање нови партнерства.

Курти оцени дека станува збор за значаен проект и за Косово и за Македонија.