Косовскиот премиер Албин Курти за Отворен Балкан изјави дека тоа е погрешна идеја и дека овој процес нема да успее. Тој во интервју за СириТВ додава дека Балканот е отворен за ЕУ и Америка. Според него, уште едно отворање би било начинот на кој Србија е отворена кон Русија и Кина.
„Ако слетате на аеродромот „Адем Јашари“ во Приштина и сакате да одите во Прешево не ти дозволуваат, треба да одиш или во Северна Македонија или во Црна Гора затоа што тоа го сметаат за нелегален влез во Србија, што е ова Отворен Балкан!?“, рече Курти.
Иако премиерот на Албанија се надева дека Косово еден ден ќе стане дел од Отворениот Балкан, Курти вели дека тоа што не е добро за Косово не е добро ниту за Албанија.
„Она што не е добро за Косово не е добро ниту за Албанија, што не е добро за Албанија не е добро ниту за Косово, ние сме две држави, но ние сме еден народ и мора да ја зголемиме соработката и чувствителноста еден за друг. Берлинскиот процес го води Германија, а Отворен Балкан, Србија“, вели Курти.
Курти додаде дека не станува за процес кој започнал во Нови Сад, каде што оваа идеја се роди на предлог на Вучиќ до Заев и Рама.
