Како дел од големите ротации во дипломатските позиции на Европската унија, се очекува Мирослав Лајчак да стане ЕУ амбасадор во Швајцарија, пренесува Радио Слободна Европа.
Со тоа тој нема да биде специјален пратеник за дијалогот Косово – Србија, функција која ја извршуваше до сега.
И натаму не е познато кој ќе биде замената за Лајчак на оваа позиција. Тој беше поставен на оваа позиција пред четири години, од министер за надворешни работи на Словачка. Сега му итекува мандатот.
РСЕ пренесува дека во ЕУ се прават напори уште од сега да биде назначен неговиот заменик во дијалогото Косово-Србија, за да не се створи вакуум по неговото назначување во Швајцарија на крајот на август.
За време на посредувањето, Лајчак претрпе многу критики од страна на косовските лидари, кои го обвинија за пристраност во решавањето на споровите меѓу двете земји. Во 2023 година, Курти истакна дека Лајчак и Ескобар дошле во Косово, како што рече „со барања од другата страна“, мислејќи на Србија.
