Роднините на жртвите во несреќата кај Ласкарци не му веруваат на новото супервештачење кое го изготви Бирото за судски вештачења. И обвинителот Дарко Јакимовски се сомнева дека во супервештачењето селективно се спроведени само неколку докази од првото вештачење. Според роднините, лицето кое зборувало за супервештачењето не е запознаено со ништо, затоа и се сомневаат дека супервештачењето е нарачано.
Трпевски се сомнева дека ова е направено со цел да се заштитат виновниците, а вината да се префрли само на возачот.
Според адвокатот Сашо Дуковски, станува збор за доверливи експерти бидејќи истите се доктори на наука и сите имаат лиценца издадена од Министерството за правда.
Трагичната несреќа се случи на 13 февруари 2019, во која животот го загубија 16 лица, а 37 беа повредени. Обвинети во овој предмет се сопственикот на Дурмо Турс, Дурмиш Бељули, одговорното лице за транспорт во компанијата, Ремзи Мифтари, возачот на автобусот Маноил Трифуновски и 3 други вработени во станицата за технички преглед.
