Москва под никакви околности нема да прифати присуство на војници на НАТО во Украина како мировници, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
Во разговор со американските блогери Марио Науфал, Лери Џонсон и Ендрју Наполитано, рускиот министер недвосмислено ги отфрли сите опции за покренување ваква иницијатива, пренесува ТАСС.
Шефот на руската дипломатија рече и дека Европа и Обединетото Кралство сакаат конфликтот околу Украина да продолжи и дека според него „сакаат да ги подигнат влоговите и подготвуваат нешто што ќе го натера Вашингтон да преземе агресивна акција против Русија“.
