Во текот на вчерашниот ден, Секторот за внатрешни работи во Дебар уапси 40-годишна жена која претходно пријавила дека нејзиниот сопруг ја нападнал физички, при што подоцна било утврдено дека пријавата е лажна.
Против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
„На 27.05.2026 година во 22:10 часот, полициски службеници од СВР Дебар ја лишија од слобода 40-годишната С.Р. од едно село во дебарскиот регион, откако претходно во полициска станица лажно пријавила семејно насилство согласно член 366 од Кривичниот законик, односно пријавила дека била физички нападната од нејзиниот сопруг. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава“, стои во соопштението на полицијата.
