Легендарната македонска ракометарка доби кривична пријава од МВР за злоупотреба при издавање лични документи, таа демантирa

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Екс македонската ракометарка, која беше дел од најуспешните моменти на женскиот ракомет, Валентина Радуловиќ е едно од четирите лица против кои МВР поднесе кривична пријава поради злоупотреба при вадење на лични документи.

Таа од 2008-а година е пензионирана ракометарка, а моментално работи како наставничка.

Од МВР велат дека Одделот за внатрешна контрола при МВР поднел кривична пријава до Обвинителството за организиран криминал против двајца полицајци – М.С. и П.П., наставничката В.Р. и еден пожарникар А.С..

Според истрагата, во периодот од февруари до април 2024 година, групата работела по однапред утврден договор.

Наставничката и пожарникарот наводно наоѓале „клиенти“ на кои им биле потребни документи по брза постапка и ги собирале нивните податоци.

По ова се огласи и Радуловиќ која ги демантира овие наводи.

„Мојата пријателска ургенција кон пријател за пријател не ни можев да замислам дека ќе биде злоупотребена во овој контекст за вакво нешто за што читам дека сум инволвирана, и доколку навистина има таква постапка со мое инволвирање ќе ја докажам пред било која институција“, порача Радулковиќ.

Валентина Радуловиќ беше капитен на Кометал ЃП и на македонската репрезентација, а се пензионираше во 2008-м година. Таа учествуваше на шест Светски и Европски првенства со македонската репрезентација, а освои и две титули во Лигата на шампионите со данскиот Слагелсе.

Покрај тоа, Радуловиќ има освоено бројни домашни првенствени трофеи во Македонија, Австрија и Данска. Со повеќе од 200 настапи за репрезентацијата, Радуловиќ е една од најдобрите ракометарки кои ги имала Македонија.