Карло Анчелоти одлучи дека оваа сезона ќе му биде последна на клупата на Реал Мадрид, објавуваат шпанските медиуми. Италијанскиот тренер веќе им соопштил на челниците на „кралевите“ дека си заминува.
Анчелоти дојде во Реал Мадрид во 2021 година во неговиот втор мандат на клупата на „кралевите“. Претходно беше тренер на оваа екипа од 2013 до 2015 година.
Со Реал освои две титули во Ла Лига, два Купа, два Супер-Купа, три пехари во Лигата на шампионите, три УЕФА Супер-Куп трофеи, два пехари во ФИФА Светското клупско првенство, и еден Интерконтинентален Куп.
Анчелоти претходно најави дека после реал Мадрид ќе замине во пензија, и нема да биде повеќе тренер. Меѓутоа може да го премисли понуда од Бразил, кој долго време се интересира за искусниот Италијанец да ја води селекцијата на идниот Мундијал во 2026 година.
