Лекарите ја бараат јануарската плата – најавуваат кривична пријава, штрајк и радикализирање на протестот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Независниот медицински синдикат ќе достави кривична пријава против лицата одговорни за доцнењето на платите на здравствените работници. Лекарите од овој синдикат повторно дојдоа пред ФЗО за да ја побараат јануарската плата, а меѓу другото побараа и средба со директорката Магдалена Грашкоска Филиповска, но без успех. Вратите на објектот беа затворени.

Претставниците на синдикатите на протестот рекоа дека нивните барања до владата не наидуваат на слух. И здравствените работници од 8 Септември во Скопје протестираа пред објектот на оваа институција.

Протест имаше и во Универзитетскиот Клинички Центар “Мајка Тереза“ а Сојузот на синдикати организираше прес конференција во врска со проблемот, велејќи дека доколку не бидат пуштени платите до утре, ќе стапат во генерален штрајк. Од Фондот велат дека од утре ќе започнат со потребната исплата, системот бил  во функција и оти е започната исплатата на боледувањата, породилното отсуство и рефундацијата на пари. „ИТ експертите ги завршуваат процесите.