Лекарите на еднодневен штрајк, министерството им ветува повеќе пари по пациент

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Дојдоа за да закажат термин за кај специјалист, но без успех. Вратите на ординациите на матичните лекари денеска беа затворени а пациентите се враќаа назад бидејќи лекарите излегоа на штрајк.


Општиот лекар Бојан Трајковски ја затвори неговата ординација и му се придружи на протестот на колегите за да го изразат своето незадоволство. Тој рече дека вчера ги известиле пациентите дека нема да даваат услуги.


Матичните лекари го изразија своето незадоволство поради ниската капитација и финансискиот удар што според нив може да доведе до затворање на амбулантите. Главното барање е покачување на цената на бодот за капитација по пациент од 65 на 95 денари. За овие проблеми решение вети заменик министерот за здравство Владимир Рендевски кој очекува средба со претседателката на здружението на матични лекари и претседателката на Лекарската комора.


Бидејќи беше постигнат договор , претседателката на здружението на матични лекари, Лилија Чолакова Дервишова рече дека штрајкот се прекинува и утре лекарите се враќаат во своите ординации.


За почеток се договориле од страна на МЗ и Здружението на матични л екари навремено и набрзо да се формираат работни групи каде конкретно ќе се продолжи со утврдување на приоритетите.