„Би ве замолила сите за едноминутно молчење“.
Со едноминутно молчење за лекарот кој беше убиен пред неколку дена, започна прес конференцијата за медиумите на Лекарската комора и МЗ. Во таа прилика, претседателката на Здружението на приватни семејни лекари, Лидија Чолакова Дервишова рече дека во знак на протест денеска матичните лекари работеа со скратено работно време.
Лекарите велат дека не се чувствуваат безбедно на работното место и затоа бараат од надлежните органи да донесат закони или поригорозни мерки за нив.
Присуството на полиција на драстичен начин би го намалило бројот на напади врз лекарите, смета министерот Илир Демири кој апелира да се подигне колективната свест за почитување на професијата на лекарите.
Инаку матичниот лекар, 67 годишниот А.К. беше пронајден убиен со нож вечерта во четвртокот во неговиот автомобил КИА паркиран кај поликлиниката Железара. Неговото безживотно тело, како што соопштија од МВР и ЈО, го пронашле членови од неговото најблиско семејство кои тргнале да го бараат откако не се вратил дома од работа.
