Лекарите во политиката, лекуваат пациенти, ќе ја „излекуваат“ ли и државата?!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

По професија лекар, но со желба да се занимава со политика. Политичките партии имаат многу лекари меѓу своите кадри.

Отидовме во клиничкиот центар Мајка Тереза и разговаравме со тројца од нив.

Вицепремиерот воедно и портпарол на ДУИ, Бујар Османи е хирург. Еднаш неделно врши операции, а за ТВ21 раскажува како го започнува денот со посета на своите пациенти. Но зошто Османи влезе во политиката кога 100% може да и се посвети на медицината?

„Мојот ангажман во политиката не ја менува мојата агенда во медицината бидејќи истото ќе го правев и да не бев во политиката. Мислам дека е добро на луѓето да им се даде можност  за да допринесат и во други области, да бараат други решенија. Не случајно последните закони кои ги усвоивме дозволуваат лекарите да бидат пратеници, министри, на министрите и пратениците им се дозволува да работат и напредуваат во нивната политичка кариера, бидејќи на тој начин, сите професори, лекарите избегаат од политиката. Кој да остане во политиката ако најдобрите си заминат од неа? Да, ги оценувам лекарите како најдобрите…“. рече Османи.

Офталмологот Беким Татеши е дел од АА со цел подобрување на погрешните политики во здравствениот систем.

ТВ21: Колку сметате дека е пречка политичкиот ангажман а истовремено да бидете и лекар? Дали си пречат еден на друг овие ангажмани?

ТАТЕШИ: Нормално дека пречи, бидејќи лекарите  од терцијарната медицина имаат поголеми ангажмани, но кога разговарате дома со децата и тие ќе изразат желба да излезат надвор од државата, тогаш добивате желба да ги убедите децата прво да не ја напуштат државата, твоите како и децата на твоите колеги и останатите од државата во целост. Затоа мислам дека ние како лекари но и како политичари ако во следните 5 години не ја намалиме емиграцијата на лекари, тогаш тоа ќе го наречам најпрво личен неуспех, потоа неуспех како родител и како човек кој се ангажирал за доброто на младите лекари во Македонија.

Уште во 2011 дел од политиката е пулмологот Арбен Лабеништа кој сега е член на Алтернатива.

-Тоа не се однесува само на здравствениот систем. Еден лекар не треба да се осудува бидејќи едноставно може да допринесе во здравствениот систем. Јас мислам дека лекарите можат да допринесат и во други области кои се директно поврзани со благосостојбата на граѓаните. Апсолутно дека нашиот здравствен систем не зависи само од неговите перформанси туку и од други области кои директно влијаат, како економијата, животната средина, образованието, вработеноста, сакале или не  тоа се области кои влијаат директно и врз здравјето на населението и состојбата на граѓаните.-изјави Лабеништа.

Освен нив, има и многу други лекари во политичките партии. Во редовите на Движење Беса е специјалистот Хулуси Асипи. Во ДУИ веќе подолго време Илир Хасани за кого се зборува дека ќе биде и носител на листа на овие избори. Исто така се спомнува и името на стоматологот Беким Сали од Алтернатива. Самиот лидер на Алијанса за Албанците, Зјадин Села по професија е лекар, како и неговиот сопартиец Арбен Таравари.