Министерството за здравство соопшти дека е известено од компанијата – носител на одобрението за ставање во промет на лекот Фостер, што се наоѓа на Позитивната листа на лекови, дека се направени промени во интерес на пациентите што го користат овој лек.
„Почнувајќи од овој месец, осигурениците повторно ќе можат да го подигнат лекот од аптеките без доплата, односно само со плаќање на законски утврдената партиципација за услугата по рецепт. Тоа важи и за другите лекови што ги содржат истите активни компоненти и се користат во третманот на хроничната опструктивна белодробна болест (ХОББ).“, се вели во соопштението истратено до медиумите
Од Министерството велат дека во континуитет спроведуваат активности насочени кон обезбедување поголема достапност на лековите за пациентите по поприфатливи цени.
