Летото ја зголемува опасноста во сообраќајот – „Магистралниот пат Кичево-Охрид е една од црните точки“

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Во првото тримесечје годинава, полицијата од охридскиот регион регистрирала 48 сообраќајни несреќи, од кои 6 со потешки повреди. Најмногу несреќи се случуваат на магистралата Кичево-Охрид, патен правец кој освен острите кривини, е оштетен и паѓаат камења од карпите.

Статистиките на СВР-Охрид покажуваат дека на овој магистрален пат кој е доста фреквентен, во првиот квартал годинава се случиле дури 17 сообраќајни несреќи.

„Пет сообраќајни несреќи биле со тешки телесни повреди и една со загинати лица (едно загинато лице). Во однос на прекршоци сторени од страна на возачи на мопеди констатирани се вкупно четири прекршоци за неносење кацига, споредбено со 2021, кога имало вкупно 16 прекршоци“.

Со доаѓањето на пролетта, се зголеми и бројот на мотоциклистите кои ги посетуваат Охрид и Струга, а не ретко поради пребрзо возење и немање заштитна опрема, сообраќајките завршувале трагично.

Димовски вели дека поставувањето на мобилни камери значително влијаело во насока на одржување на редот во сообраќајот. Потсетува дека летната сезона ја сообраќајната фреквентноста во Западна Македонија, па затоа повикува да се почитува поставената сигнализација со цел избегнување на сообраќајните несреќи.