Летото на северната хемисфера, вклучително и во Македонија, официјално започна денеска во 10:24 часот. Во истиот момент, на јужната полутопка започнува зимата.
Со денешниот летен солстициј настапува најтоплиот годишен период, а воедно и најдолгиот ден во годината. Денот трае најдолго, додека ноќта е најкратка.
Во Скопје Сонцето изгреа во 4:58 часот, а ќе зајде во 20:13 часот, што значи дека денешниот ден ќе трае 15 часа и 14 минути.
Според метеоролозите, времето ќе биде претежно сончево и топло. Во попладневните часови во северозападните делови од земјата можно е локално појавување на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, кој во западните региони повремено ќе засилува. Дневната температура ќе достигне до 35 степени Целзиусови.
Летото годинава ќе трае до 23 септември во 02:05 часот, кога астрономски ќе започне есента.
