Левичарот Јаманду Орси победи на претседателските избори во Уругвај

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Левичарот Јаманду Орси победи во вториот круг од претседателските избори во Уругвај, освојувајќи 49,8 отсто од гласовите, наспроти 45,9 отсто за ривалот Алваро Делгадо, претставник на конзервативната владејачка коалиција.

По гласањето во недела, пребројувањето на гласовите се уште трае, но Делгадо официјално го призна поразот на изборите во недела, пренесува АП.

„Земјата на слободата, еднаквоста и братството триумфираше уште еднаш. Јас ќе бидам претседателот кој повикува на национален дијалог повторно и повторно, кој гради поинтегрирано општество и држава“, им рече Орси на поддржувачите по неговата победа.