Пожар во руска фабрика за воена опрема

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Украински беспилотни летала ја нападнаа фабриката Тајфун, дел од рускиот воено-индустриски комплекс, во градот Калуга во руската област Калуга, објави Андриј Коваленко, раководител на Центарот за спротивставување на дезинформации при Советот за национална безбедност и одбрана.

Коваленко вели дека фабриката произведува комуникациски системи, електронска разузнавачка и радарска опрема и прави компоненти за системи за надзор и наведување за воена опрема.

Тајфун, исто така, произведува делови за системи за противвоздушна одбрана, авиони и ракетни системи и одржува опрема за руската војска.

Фабриката произведува и специјализирана опрема потребна за интеграција на различни воени системи.

Руските официјални лица на Телеграм пишуваат дека беспилотни летала биле соборено во Калуга ноќта меѓу 24 и 25 ноември. увернерот на руската област Калуга изјави дека остатоците од едно од беспилотните летала паднале на територија на индустриско претпријатие и предизвикале пожар.