Либан ќе го смета секое присуство на израелски војници на своја територија како окупација и има право да ги користи сите средства за да обезбеди повлекување на Израел, изјави портпаролот на либанскиот претседател.
Денеска истекува рокот за повлекување на израелските сили според договорот за прекин на огнот со кој заврши минатогодишната војна со либанската милиција Хезболах.
Според ноемврискиот прекин на огнот, израелските сили добија 60 дена да се повлечат од јужен Либан, каде што од почетокот на октомври водат копнена офанзива против борците на Хезболах.
