Либиските власти пронајдоа речиси 50 тела во две масовни гробници во пустината

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Либиските власти открија речиси 50 тела во две масовни гробници во пустината во југоисточниот дел на земјата, соопштија денеска властите.

Првата масовна гробница со 19 тела е пронајдена во петокот на фарма во југоисточниот град Куфра, се вели во соопштението на Управата за безбедност.

Властите објавија слики на нивната Фејсбук страница на кои се гледа како полицијата и медицинските лица копаат низ песокот и ги извлекуваат телата, кои беа завиткани во ќебиња, а потоа испратени на обдукција, пренесува АП.