Лидерите на ЕУ и Зеленски имаа разговор со Трамп, во фокус беа мировните преговори

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Украинскиот претседател Володомир Зеленски и лидерите на Велика Британија, Франција, Германија и Полска кои се во посета на Киев, разговараа со американскиот претседател Доналд Трамп, зборувајќи за напорите за мир, објави украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибига на социјалните мрежи.

Сибига изјави дека Украина и сите нејзини се подготвени за целосен безусловен прекин на огнот на копно, воздух и море најмалку 30 дена, почнувајќи од понеделник. Тој го опиша телефонскиот разговор со американскиот претседател како продуктивен.