Лидерот на „Демократи за силна Бугарија“, генерал Атанас Атанасов денеска поднесе оставка од функцијата претседател на партијата.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, Атанасов веста за својата оставка ја напиша на Фејсбук, а како причина за ваквата одлука ги наведе резултатите од вчерашните парламентарни избори во Бугарија.
Претходно и лидерот на „Да, Бугарија“ Христо Иванов најави дека се повлекува од претседателската функција во неговата партија, со која „Демократите за силна Бугарија“ беа во коалиција и добија само шест отсто гласови на предвремените парламентарни избори.
