Лимани одбиен за американска виза? Агелер: Прашајте го министерот, ние имаме строги закони за приватност

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Дали му е одбиена американска виза и зошто!? Ниту американската амбасадорка во Скопје, Ангела Агелер, не одговори конкретно дали на министерот за социјална политика Фатмир Лимани му е забрането да оди во Америка.

Таа вели дека не може да открие никакви информации бидејќи законите за приватност во САД се многу строги.

-Имаме многу строги закони за приватност во Соединетите Држави и затоа не можам да разговарам за какви било прашања за виза за ниту еден поединец. Ќе ве упатам во министерството за да разговараме за тоа што се случило, но во исто време ќе додадам дека за секој барател на американска виза, процесот се објаснува на поединецот и доколку има дополнително продолжување, исто така се објаснува“, рече Агелер.

За ова беше прашан и премиерот Христијан Мицкоски.

Од Лимани денеска повторно побаравме да каже дали е вистина, но и денеска не одговори. Тој досега избираше да комуницира само преку својот Фејсбук профил.

„Причината за „пречката за слободно движење“ е од фактот што жртвував се за да го вратам Али Ахмети (заедно со неговите деца и пријатели) во неговата татковина на начини и средства кои не се дозволени со меѓународното право.“, напиша Лимани.

Претходно се зборуваше дека и на министер од ДУИ му била одбиена виза, а подоцна на црната листа на Стејт департментот беше објавен и поранешниот вицепремиер Артан Груби.