Лионел Меси е најдобар фудбалер за 2022 година во изборот на ФИФА

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Капитенот на аргентинската репрезентација, Лео Меси е изборот на ФИФА за најдобар фудбалер за 2022 година во доделувањето на „Тhe Best“ наградите. Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња ја предводеше својата нација до шампионскиот трофеј на Мундијалот во Катар, а имаше и неверојатен настап во дресот на ПСЖ.

Како конкуренти за освојување на наградата Меси ги имаше Карим Бензема и Килијан Мбапе.

Наградата за најдобар тренер му припадна на аргентинскиот селектор Лионел Скалони, додека најдобар голман е Емилијано Мартинез кој му помогна на својот национален тим да дојде до титулата светски првак. Наградата за најдобра фудбалерка и припадна на Алексија Путељас.