Вака изгледа патот кој води до Липковското езеро, место кое претендира да стане туристичка атракција во иднина. Освен патот кој што е оштетен, овде има уште еден проблем.
„За граѓаните од оваа страна знаат каде се наоѓаме но за информација на другите – се наоѓаме на патот кој води до браната во Липково, а како што може да се види од снимките на нашата камера, по патот е фрлен шут, нешто што не е добро за место кое во иднина треба да стане туристичко“, истакна репортерката на ТВ21.
За жителите на Липково, овој амбиент е дестинација каде ги минуваат слободните денови, а доаѓаат посетители и од другите градови. Дали Општина Липково планира да инвестира во оваа зона која може да привлече многу туристи во иднина. Првиот човек на Општината, Еркан Арифи за ТВ21 рече дека подготвил урбанистички план за претворање на ова место во туристичка дестинација.
„Имајќи предвид дека Општина Липково има подготвено урбанистички план за развој на туризмот кај езерото Глажња и Липковското езеро подготвени се документите но имавме неколку бариери и пречки од управата на Македонски Шуми кои е потребно со одлука на владата да ги усогласат нашите ставови и нивните и така ги поминавме сите фази и планот е одобрен и е полноправен, урбанистичкиот план за браната Глажња каде се јавуваат околу 15 хектари за изградба на хотели, мотели, ресторани, викендички, отворени и затворени базени со единствена цел да го активираме туризмот во општина Липково“, истакна Еркан Арифи.
За патот и фрлањето отпад, градоначалникот вели дека има проблем со разни економски оператори кои тука фрлаат отпад, но дека има план за асфалтирање на патот како и тоа дека е предвидена и патека за пешачење и клупи, но прво треба да се отстранат другите пречки.
„Локалниот пат од село Липково до езерото има околу 3,5 км и ја подготвивме техничката документација на главниот проект и истиот помина кај Светска Банка за развој во рамки на Министерство за транспорт и врски за тој локален пат да се асфалтира за да имаме што подобар пристап до езерото“, посочи Еркан Арифи.
Арифи рече дека освен Липково има уште две атрактивни места за развој на туризмот во општина Липково како што е манастирот во Матејче и боровите над селото Слупчане. Арифи се пожали дека проблем им прават административните пречки за урбанистичкиот план. Велат дека само за планот кај езерото Глажња чекале од 2015 за да стане полноправен и дека не може да каже конкретен датум кога ќе заврши планот но рече дека е во финална фаза. На Управата на Македонски Шуми општината и платила 3 милиони денари да се инвестира таму бидејќи се однесува на шумите.
