Сè уште нема конкретни статистички податоци за тоа колку лица со посебни потреби има во земјава. Хелсиншкиот комитет направи истражување како лицата со посебни потреби се справуваат со пандемијата, условите во кои посетувале училиште и други основни услови. Бојана Јовановска, вели дека за време на пандемијата се обиделе да добијат одговори по електронски пат од 12 институции, но само 3 од нив им одговориле.
ТВ21 пред неколку месеци извести за недостаток на услови за лица со посебни потреби во селото Студеничани, каде учениците учат во мала училница. На истражувањето на Хелсиншкиот комитет се споменуваат и тешките услови со кои се соочуваат учениците со посебни потреби во текот на образовниот процес.
Заменик амбасадорот на Обединетото Кралство, Доменик Одвеј, рече дека Владата и НВО треба да соработуваат
„Треба да продолжиме за да кренеме нивото на соработката меѓу Невладините организации, Владата и граѓанските здруженија, да имаат комуникација со цел да се подобрат условите.“, вели Одвеј.
Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, внимателно го слушаше сето ова. Оваа тркалезна маса и презентација на истражувањето за ефектите од пандемијата врз лицата со посебни потреби во Северна Македонија беше организирана од Хелсиншки комитет за човекови права и Фондација за демократија на “Вестминстер“.
