Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Г.М.(32) с.Теранци, кочанско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. При контрола извршена на 24.11.2020, полициски службеници констатирале дека пријавената не се придржува до решението на Државниот здравствен и санитарен инспекторат за задолжителна изолација.
