Англискиот фудбалски првак Ливерпул, за само два дена, договори две нови имиња.
Првиот кој вчера пристапи на минатогодишниот европски првак е Тиаго Алкантара. Шпанскиот репрезентативец дојде како засилување од средниот ред на теренот од Баерн Минхен.
Денеска Ливерпул го ангажираше и Диого Жота. Португалскиот репрезентативец дојде од Вулверхемптон. Овој играч ќе биде големо засилување за крилната позиција на англискиот шампион, иако таму ги има Мохамед Салах и Садио Мане.
