Најавената мисија од ЕУ за настаните во Судски совет е црн ден и шамар за судството во Македонија, смета Кренар Лога, министер за правда, истакнувајќи дека во највисоката институција која носи дисциплина за судиите за прекршоци и ги разрешува истите без да има недостојни постапки.
„За истите треба да има оценска мисија од ЕУ за да ни кажат што се случило и што се случува и тоа е шамар за судството во Македонија и со еден збор нè срами сите, бидејќи пред само неколку дена добив записник каде се констатирани сите тие прекршоци“, вели Кренар Лога.
Записникот содржи 110 страници и содржи многу детали, кои според Лога се непотребни и смешни, додека оценува дека тоа има за цел да ја покрие процедуралната страна со безвредни дискусии што се воделе во судскиот совет.
„Во записникот можат да се констатираат сите тие прекршоци кои и беа кажани во текот на тие денови кога се случи и разрешавањето, именувањето, гласањето, не гласањето. Со записникот се потврдува дека сета постапка не била транспарентна ниту уредна“, додава Кренар Лога.
Министерот за правда е скептичен за ветинг во правосудството, бидејќи не сака да се развива овој процес без присуство на меѓународните фактори, а истите одбиваат да бидат вклучени.
„Не заборавајте дека Македонија со помоќна меѓународна помош од САД и другите западни земји потфрли со специјалното јавно обвинителство во земјава и тоа го увидоа дека и покрај нивното милионско вложување во парична вредност, но дури и да го претвориме во институционален кадар, паднаа и апсурдот беше што Основното обвинителство го стави во затвор Специјалното обвинителство. Македонија даваше примери за лошо и нормално дека нема да прифатат“, порача Кренар Лога.
Лога додаде дека сите дипломатски претставништва на најмоќните земји, вклучително и ЕУ, имаат резерви за спроведувањето на процесот на ветинг.
