Локалните избори „загревање“ за парламентарни? – Опозицијата се стреми кон ново мнозинство по 17 октомври

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Последните денови од изборната кампања, освен за локалните избори, опозицијата размислува и за парламентарни избори. Опозицијата се стреми кон ново парламентарно мнозинство по 17 октомври. Синоќа за „Алсат“ претседателот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, рече дека на денот на локалните избори на Владата ќе ѝ биде одземена власта.

„Можно е ново парламентарно мнозинство, бидејќи СДСМ и ДУИ ќе изгубат на избори, а со тоа ќе го изгубат и кредибилитетот и моралот за да продолжат да владеат со народот. На денот на локалните избори ќе им биде одземена власта, а очекувањата на опозицијата се дека ќе има нова Влада, ново парламентарно мнозинство“, истакна Зијадин Села.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во „Клик Плус“ рече дека по локалните избори и поразот на власта, ќе има две опции:

Но, премиерот Заев е мирен. Вели дека мнозинството што го има е стабилно, дури, како што додава, можно е и да се прошири. Заев додава дека и во последните месеци преку гласањето за доверба на Влада било потврдено кој има мнозинство, а кој не.