Претседателката на организацијата на потрошувачи, Маријана Лончар Велкова вечерва во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21 истакна дека во поглед на осигурителните компании, тие сметаат дека граѓаните се оштетени.
„Ние во тој период ги повикавме, сите 10, односно баравме средба со нив за да се сретнеме и да ги обештетат потрошувачите затоа што се се случуваше само во еден период. Ние направивме повик со еден тизер на Фејсбук каде што ги поканивме, направивме и платформа каде може да се пријавуват и добивме – граѓаните се пријавуваа, и во тој период од 27.04 до 07.05 каде што беа цените покачени, купиле полиса. Не можеле да не купат бидејќи возеле возило и не смеат да не купат“, вели Лончар Велкова.
Како што вели, тука имале и сомнение за нечесна пазарна пракса и искористување на поповолна положба во која беа осигурителните компании.
„Се работи во исто време, на сите компании, се докажа односно баравме од АСО (Агенција за супервизија на осигурување) за колкав процент се работи. Секаде беше 15 отсто покачување и тоа беа доволни индиции“, вели Лончар Велкова.
