Лондонската полицијата во последен момент спречила киднапирање на дете

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Полицијата запрела мал авион пред полетување на аеродромот Хитроу во Лондон и уапсила едно лице под обвинение дека се обидело да киднапира дете.

Полицијата во Нотингемшир соопшти дека добиле повик во кој се вели дека маж зел четиригодишно девојче без дозвола на нејзината мајка во четвртокот, пишува Гардијан.

Полициските службеници користеле и надзорни камери на улиците преку кои го следеле автомобилот со помош на регистарски таблички до лондонскиот аеродром.

Тие навреме добиле информација дека осомничениот ја поминал царинската контрола на летот за Букурешт во 18 часот во четвртокот.

Утврдено е дека киднаперот го познавал девојчето.

Детето сега е безбедно, вратено кај неговите родители.

„Авионот речиси полета, но пристигнавме во последен момент. Авионот се врати на терминалот, па го извадивме човекот надвор “, изјави детективот Рут Вокер.

Киднаперот бил испрашан во петокот, а потоа бил пуштен да се брани од слобода, со кауција.