Лоша вест за сите кои планираат да летаат идната година: Билетите поскапуваат, а и натаму ќе има недостаток на авиони

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Цените на авионските билети идната 2025 година се очекува да пораснат за 2%, но и натаму ќе има недостаток на авион, односно ќе нема доволно летови.

Зголемување на цените се очекува поради војната во Украина, како и одминувањето на Русија при летовите, и конфликтите во Блискиот исток. Патувањата од Европа кон Азија се временски зголемени. Така на пример лет од Амстердам до Токио сега трае 2 до 4 часа повеќе, и тоа носи поголеми трошоци.

Анализата на Американ Експрес Глобал Бизнис Травел Груп предвидува зголемување за 2% во Европа, но во Азија тоа би било далеку поголемо – 14%.

Исто така од јануари е предвидено зголемување на таксите за безбедносни проверки на германските аеродроми од 10 на 15 евра по патник. Дополнително, зголемените трошоци за контрола на летање ги принудуваат авиокомпанијата да ја качат цената на би9летите за патниците.

Исто така во анализата се зборува и за нарушување на односите на снабдување на големите произведувачи на авиони. На неодамна завршениот годишен состанок на Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт во Женева, беше објавено дека авионската флота има рекордна стартост од 14,8 години, во просек од 13,6 години за периодот 1990-2024 година.

Во 2025 година светот ќе добие нови 1802 авиони, но и натаму далеку под очекуваните 2293. Заостнатите нарачки веќе достигнаа 17.000 летала. Со сегашното темпо на имплементација, ќе требаат 14 години за да се израмни.