Во Тетово ако го паркирате автомобилот на паралелен паркинг до тој за зонско паркирање, пајак службата ќе може да го земе и без полициска наредба. Оваа регулатива ја изгласа Советот на општина Тетово, како решение за паркираните автомобили на споредниот пат кои го попречуваат слободниот тек на сообраќајот.
„На одредени градски паркинзи се случува да не испратат порака или да не паркираат правилно на споредната страна, со оваа регулатива ќе се овласти тие автомобили да се отстранат од тоа паркинг место“, вели Бесир Дурмиши.
Од Секторот за внатрешни работи – Тетово велат дека општината има право на овој чекор и врз основа на член 7 од законот за сообраќај, но прво ќе треба да се добие согласност од сообраќајната комисија.
„Општината има право да поставува блокатори и да ги отстранува автомобилите кои се паркирани на места кои не се за паркирање, а во овој случај и општина Тетово има право да поставува блокатори и да преземе соодветни мерки, но законското право во однос на овие прекршувањата и припаѓаат само на полицијата“, додава Фатмир Реџепи.
Во Тетово има три автомобили на пајак службата, два се приватни и еден е на општина Тетово. Лошо паркиран автомобил ќе треба да плати 1800 денари ако ја крене пајак службата.
