Љубител на автомобили направил автомобил „ѕвер“ – Рамадани: Има пожесток старт отколку спортски автомобил

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во оваа гаража е паркиран овој автомобил кого самиот сопственик го нарекува ѕвер. На прв поглед остава впечаток дека станува збор за тркачки автомобил од Формула, но ќе го смените мислењето кога ќе го видите од позади .

Оваа направа, половина автомобил половина мотор е произведена од автомеханичарот Бајрам Рамадани. Со 2 тркала напред и едно од задната страна, има многу пожесток старт од тркачки автомобил. Рамадани открива детали како започнал и како добил идеја за ваков вид автомобил.

Бајрам Рамадани: „Основата се првите две шини, еве овде ги средувам. Им земав димензии како за 4 тркала, потоа почнав да правам како за 4 но го направив со едно од задната страна“

Новинар: Зошто го направи со едно тркало од позади, или само за да биде интересен?

Бајрам Рамадани: Само за да биде посебен, поинтересен.

Во овој мото-автомобил се употребени амортизери за автомобили кои заедно со трупот даваат аеродинамично движење особено при многу брзо возење.

„Има неколку делови од автомобил како што е крилото, воланот, долните држачи, амортизерите на моторот и горните држачи, ова е направено со две, бидејќи амортизерите зафаќаат многу место и затоа не можеш да и ја дадеш аеродинамиката што ја има сега, бидејќи и пречат тие амортизери, затоа ја направив со две носечки страни“, вели Бајрам Рамадани.

Бајрам вели дека најголемиот дел од овој проект го направил за време на карантинот. Тој вели дека не е голем љубител на нови, скапи, луксузни и спортски  автомобили, бидејќи сите тие критериуми ги поседува овој автомобил што тој го направил во оваа мала гаража.