Писателот Фатос Лубојна во „Клик Плус“ на ТВ21 посочи дека развивањето на Тирана е драматичен процес кој има неколку објаснувања.
„Со паѓањето на комунизмот Албанците ги изгубија нивните работни места, корените, бидејќи беа корпорации, немаше приватен имот, така што добар дел од нив мигрираа, а другиот дел пак, со оглед на тоа што останаа без работа, се доселија во главниот град. Ова беше првиот момент кој се соединува со сонот на едниот дел – да заминат на Запад и на другиот дел – да дојдат во главниот град, внатрешна миграција“, посочува Лубојна.
Тој вели дека другиот дел од објаснувањето е што Тирана се развила од 150.000 на околу 1.000.000 жители, како последица на манипулација на луѓето и нивните желби.
„Ова го велам бидејќи в главно метрополите се создадени поради индустриските потреби… индустријализацијата во светот ги „роди“ метрополите. Тирана во тоа време немаше некаква индустријализација, напротив индустријализацијата замре. Но, манипулацијата стои во фактот што многу брзо почна да се развива она што јас го нарекувам – второто пирамидално искуство во Албанија. Првите пирамиди беа финансиските кои траеја до 1999 година. Ако сте запознаени, пирамидите се состоеја во ветувања дека вие ќе добиете пари, ако вложите во пирамидите, кои пак подоцна крахираа. Со ова беа измамени луѓето. За втори пирамиди ја сметам градежната индустрија, ветување за луѓето, особено за оние кои заминаа во странство – дека ќе имаат апартман во Тирана и дека ќе можат да инвестираат“, додава Лубојна.
Тој додава дека тоа било направено во соработка со телевизиите, бидејќи по 1997 година повеќето од сопствениците на телевизиите биле градежници.
„Албанија наместо да се развива нормално каде луѓето ќе останеа при човечките ресурси во целата земја, дојдоа и се собраа со ветување дека ќе живеат во апартмани, со ветување дека ќе водат живот како во европските градови“. Токму немањето информации и сонот за доаѓање во главниот град, ја разви зоната вон Тирана, т.н. Баторе, каде луѓето дојдоа и градеа, а потоа ја разви и градежната индустрија во Тирана. Беше долг процес, во кој беа комбинирани парите кои дојдоа од миграцијата заедно со потребите за сместување на многу Албанци кои останале без потребното сместување о времето на комунизмот, потребата за сместување на сите оние луѓе кои дојдоа во град, ова може да се нарече прва фаза“, истакнува Лубојна.
Тој вели дека втората фаза е фазата кога градот бележи галопирачко перење пари, индустријата на перење пари, што продолжува во Тирана на драматичен начин.
„Ова подразбира…се ова што се случи, фигуративно во еден мој ракопис го нареков Тирана и дрогираниот пајак, се почнува од концептот дека Тирана е дизајнирана од Италијанците, врз принципот на пајаковата мрежа, принцип кој е најфункционален за да се стигне најбрзо од еден мал центар, по криви улички, како што е пајаковата мрежа. Научниците направија експеримент, на пајакот му дадоа малку дрога, и ако е дрогиран тогаш не ја прави рационално мрежата, туку прави хаотична мрежа, луда мрежа, мрежа која не е функционална. Развојот на Тирана, по падот на комунизмот, го спозна тој вид на развој и дрогата, дрогата на пајакот, односно валканите пари, тоа е дрогата, дрогата на власта, дрога на валканите пари, со која се разви една хаотична Тирана, нефункционална, Тирана во која јавните површини се туткаат постојано, парковите се намалуваат, училиштата се со се помали дворови, во полза на високи градби без урбанистички план. Според поткупите, кои ги дава шверцерот за да добие дозвола за градба“, посочува писателот.
