Љуботен, село „жедно“ за вода, пред 6 години им ветуваше Заев, сега никој веќе не ги посетува

НАЈНОВИ ВЕСТИ


Вака им велеше поранешниот премиер Зоран Заев на жителите на Љуботен во октомври 2017 година, непосредно пред локалните избори. Оттогаш поминаа цели шест години, а Љуботен се уште е без вода за пиење. За да се снабдат со вода, граѓаните отворија бунари во своите дворови, а дел од нив ги полнат со вода од двете селски чешми кои извираат од планината Башинец. Но, и тој извор, жителите велат дека сами го отвориле.

„Овде полниме вода. Отсекогаш била загадена вода. Не верувам дека некогаш ќе се поправи. Да, 70% од селата имаат бунари. Општината никогаш не не прашува. Само оваа улица е направена од општината и затоа гласавме. Инаку никогаш ништо. Никој не се грижи за ништо во Љубетен. Се со придонес на селото“.

-Овде ја имаме најчистата вода, која сами ја донесовме.
-Доаѓаат ли од општината да ве прашаат за вашите проблеми?
-Не! Каква општина! Сето тоа го направивме сами.

Граѓанин: Дома нема вода за пиење.

ТВ21: Како се снабдувате со вода?

Граѓанин: Од тука. Донесовме од Башинец.

ТВ21: Дали некогаш доаѓаат од општината да ве посетат?

Граѓанин: Никој никогаш не бил! Доаѓаат само за избори, за други работи воопшто не доаѓаат!

Телевизија 21 се обиде да стапи во контакт со градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски, му испративме и порака, но тој не одвои време да одговори. Инаку, селото Љуботен брои околу седумстотини куќи. Поради квалитетот на водата, жителите на Љуботен, но и многу граѓани од другите населени места доаѓаат и полнат вода со канистери.