Македонија со пораз од Романија ги стартуваше квалификациите за пласман на Светското првенство во Катар 2022 година. Пораз на крајот од 3:2, иако можеше и мораше да биде поинаку, со оглед на тоа дека Романија не ја надигра нашата селекција, но на крајот се радуваше до победата.
По пропуштените неколку шанси на стартот, Танасе донесе водство на Романија од практично првата посериозна шанса за домашната селекција. На стартот од вториот дел Романците зголемија на 2:0. Стрелец Михаила со прекрасен гол од 25 метри.
Одминуваше времето, мечот влезе во последните 10 минути, а надежда дека Македонија ќе се врати беше се помала. Сепак, се случи чудо во 60 секунди за 2:2. Најпрво Адеми погоди со глава, а потоа Трајковски по одличната акција со Барди за израмнување.
Но, не помина ниту минута, а Романија повторно казни една грешка во одбраната на Македонија, и Хаџи донесе 3:2.
На крајот Адеми постигна гол, но неговата радост ја скрати помошникот судија кој го подигна знаменцето за офсајд.
Следниот меч Македонија го игра во недела против Лихтенштајн на домашен терен.
ФОТО: ФФМ
