Два „луди“ натпревари се одиграа денеска во рамките од 1/8 финалињата на ЕУРО 2020 година.
Прво во Копенхаген играа Шпанија и Хрватска, меч кој со многу пресврти заврши 3:3. Најпрво Хрватите водеа со комичен автогол на Педри, а Шпанија потоа направи пресврт и поведе со 3:1 со головите на Сарабиа, Азпиликуета и Феран Торес. Сепак, Хрватска не се предаде и стигна до израмнување со погодоците на Оршиќ и Пашалиќ.
Натпреварот замина во продолженија, а таму Шпанците брзо постигнаа два гола преку Мората и Ојарзабал во 100 и 103 минута.
И на вториот меч исто сценарио. Заврши 3:3, откако Швајцарија водеше со 0:1 со гол на Сеферовиќ, и не реализира пенал. Бензема за три минути донесе пресврт 2:1, а потоа Погба донесе и 3:1. Меѓутоа најпрво Сеферовиќ успеа да намали на 3:2, за во 90-та минута Гаврановиќ донесе израмнување.
Немаше промени на резултатот ниту по продолженијата, па се премина кон изведување на пенали. А, таму Швајцарија ги реализираше сите пет, додека во петтата серија Мбапе промаши, односно Зомер го одбрани неговиот удар, за голема радост на Швајцарците.
