Луфтханза приземји 150 авиони поради коронавирусот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

 Германскиот авиопревозник Луфтханза денеска соопшти дека ќе приземји 150 од своите над 750 авиони низ целиот свет, поради ширењето на новиот коронавирус.

„Дваесет и пет авиони за долги дестинации и 125 летала што сообраќаат на кратки и средни далечини“ веќе нема да извршуваат летови, изјави портпаролот на групата, во која се Еуровинг, Аустриан и Свис .

Акциите во Луфтханза паѓаат во последниве денови најверојатното поради влијанието на Ковид-19 врз секторот за воздушен сообраќај.

Во понеделникот, Луфтханза соопшти дека ќе го намали планот за летови за 25 проценти, особено на кратки и средни релации, вклучително и до области погодени од Ковид-19 во Италија, но и во Германија.