Директорката на Управата за јавни приходи (УЈП) Сања Лукаревска во „10 Минути“ на ТВ21 порача дека со мерките и сетовите на Владата навистина се зачувале работните места.
„Со сите овие сетови и мерки да ги зачуваме работните места, и навистина се зачуваа работните места. Податокот е тој кој што го гледаме“, посочи Лукаревска.
Таа вели дека досега на компаниите им се исплатени 3 милијарди денари за плати за вработените.
„Три милијарди денари се исплатени на компаниите за тие подоцна да ги исплатат на вработените“, истакнува Лукаревска.
Целото интервју може да го погледнете во 19:10 часот на ТВ21.
