Лукаревска: Почна исплатата на поврат на ДДВ, граѓаните да ги проверат трансакциските сметки

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Директорката на УЈП Сања Лукаревска, на прес-конференција информираше дека започнува исплатата на повратот на ДДВ за месеците октомври, ноември и декември минатата година. Апелираше до граѓаните да ги проверат трансакциските сметки.

„УЈП ја почна исплатата за второто тромесечје, за последните три месеци од минатата година. КАј 197.819 граѓани корисници на апликација ќе бидат исплатени  238.075.865 денари.  На секој граѓанин ќе го добие остварениот поврат. Граѓаните да ги проверат трансакциските сметки, и доколку има грешка да ја корегираат, затоа што следува исплата. По воведувањето на мерката, апликацијата ја користат 256.442 корисници. Скенирани се повеќе од 66 милиони фискални сметки.“, рече Лукаревска.