Лукаревска: Секој месец има компании кои ги злоупотребуваат мерките на Владата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Директорката на Управата за јавни приходи (УЈП) Сања Лукаревска во „10 Минути“ на ТВ21 посочи дека и покрај апелите за да нема злоупотреба на финансиските средства од Владата, сепак секој месец има компании кои истото го прават.

„Постојано апелираме да нема злоупотреба, меѓутоа секој месец гледаме дека сепак има одредени компании кои сакаат да направат злоупотреба“, вели директорката.

Лукаревска додаде дека во моментов за месец октомври има уште 9 компании кои не исплатиле помош.