Лукаревска: Во октомври, злоупотребите се направени од фамилијарни фирми со 1-2 вработени

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Директорката на Управата за јавни приходи (УЈП) Сања Лукаревска во емисијата „10 Минути“ на ТВ21 посочи дека направени се контроли во компаниите каде се злоупотребени мерките на Владата, а извештајот е пратен во обвинителство.

„Обврските кои што ги имавме кон таквите неплаќачи ги преземавме, а истовремено отворивме и налози на контроли. Дел од контролите се завршени и извештаите се пратени до Основното јавно обвинителство“, истакна Лукаревска.

Таа додаде дека во месец октомври, злоупотребите се направени од фамилијарни фирми со 1-2 вработени, додека пак за ноември има 23 работодавачи кои за 43 вработени немаат исплатено државна помош.

Целото интервју може да го погледнете во 19:10 часот на ТВ21.