Министерот за култура Зоран Љутков, кажа дека Универзалната сала ќе биде готова до крајот на 2027 година, и дека целиот проект ќе чини 20 милиони евра.
„Универзалната сала ќе биде завршена до крајот на 2027 година. Ќе биде дел од „Скопје – европска престолнина на културата во 2028 година“. Имаше правни пречки, имаше поделени стопанисувања меѓу Град Скопје и министерството за култура, не се знаеше кој е одговорен во овој дел. Кога во истиот момент ги решивме овие пречки, продолживме со целата процедура, во овој момент Министерството за култура преку владата е инвеститорот, по принцип клуч на рака. Сумата е околу 20 милиони евра обезбедени од Владата преку Министерството за култура, и ќе биде готова до крајот на 2027 година и конечно скопјани ќе имаат еден спомен од минатото“, изјави Љутков.
